На „Табановце“ и „Богородица“ се чека 40 минути, кај Прешево километарска колона од српска страна

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ.

На ГП Табановце и ГП Богородица поради зголемена фреквенција на возила, за излез од државата времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Но, како што информира Автомотосојузот на Србија, на граничниот премин Прешево, од српска страна, се формира километарска колона возила.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Треба да знаете
Последни објави