Спасовски: Продолжуваме со унапредувањето на квалитетот на животот на сите млади

Драги млади, горди сме што вие сте носителите на прогресивната идеја за европската иднината на земјата и напредокот на македонското општество. Вашиот глас е гласот на иднината и столб на процесот за Европа – дома. Честит Меѓународен ден на младите – 12 август, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

По повод меѓународниот Ден на младите, Спасовски на Фејсбук објави честитка во која ги повика заедно да работиме за подобро образование, фер шанса, пристап до финансии и фондови, можности за добро платени работи места, подобар животен стандард, подобри услуги…

– Нема да дозволиме да бидете жртва на политичари на кои национализмот им е дневна доза за лични цели, без став, без визија, кои имаат само желба за гола власт. Нема да дозволиме нова изолација, нови бранови иселувања на младите, нови купувања на странски пасоши. Затоа направивме се’ за татковината да биде најбезбедна на Западен Балкан, во друштво на најбезбедните 36 во светот – предуслов за квалитетен живот, напиша Спасовски.

И, заедно ќе го оствариме генерацискиот сон вие младите да бидете конкурентни со европските врсници. Да живеете во праведна и еко држава, која ги вреднува вашите таленти.

– Досега со конкретни политики и финансиска поддршка, создадовме подобри услови, отворивме стотици илјади работни места, со Младинската гаранција и проектите за самовработување и дообразување имаме одлични резултати. Донесовме Закон за младинско учество и формиравме Национално советодавно тело за младински политики. Ги покачивме студентските стипендии за 100% и воведовме субвенциониран студентски оброк со 2.400 денари месечно. Обезбедивме неповратни средства од 5.000 до 15.000 евра за отварање на сопствен бизнис за млади, како и неповратна финансиска помош за млади земјоделци. Продолжуваме со унапредувањето на квалитетот на животот на сите млади, дома во европска Македонија, се вели во честитката од Спасовски. 

Треба да знаете
Последни објави