Лутон дебитираше во Премиерлигата, но не си помина добро на гости кај Брајтон. Домаќинот немаше милост и го победи Лутон со 4:1.
Саломон Марч го отвори резултатот, а Жоао Педро во 71.минута зголеми на 2:0. Лутон намали преку Карлтон Морис од пенал, но до крајот Брајтон постигна уште два гола и дојде до убедлив триумф.
Фулам славеше на гости против Евертон со 0:1. Стрелец на победничкиот гол беше Боби Рејд.
Одсон Едуард му донесе минимална победа (0:1) на Кристал Палас на гостувањето кај Шефилд Јунајтед.
Борнмут и Вест Хем ремизираа, 1:1.