САД и Кина имаат намера да дозволат двојно поголем број патнички летови отколку што во моментов им е дозволено на авиокомпаниите што работат на линиите меѓу двете земји, јави администрацијата на Бајден, што се толкува како редок знак за соработка меѓу две најголеми светска економија.
Британските медиуми пренесуваат дека американското Министерство за транспорт (УСДОТ) соопшти дека има намера од 1 септември да го зголеми бројот на дозволи за кинески патнички летови до САД од сегашните 12 на 18 повратни патувања и од 29 октомври на 24 летови неделно.
Во соопштението се наведува дека кинеската Влада ќе се согласи на истото зголемување за американските превозници, потврдувајќи ја својата претходно објавена одлука.
Договорот меѓу Пекинг и Вашингтон, кои спорат на многу фронтови, доаѓа откако Кина во четвртокот ги укина ограничувањата за групно патување за неколку земји наметнати за време на пандемијата од Ковид-19, вклучувајќи ги и САД, Јапонија, Јужна Кореја и Австралија.