Очекувањата за инфлацијата во следните 12 месеци се дека нема да надмине 3,4 отсто

Инфлацијата во еврозоната во следните 12 месеци се очекува да биде 3,4 отсто, е резултатот од денеска објавеното јунско истражување на Европската централна банка (ЕЦБ).

Анкетираните потрошувачи во мај беа попесимистички расположени, бидејќи тогаш предвидуваа инфлација во еврозоната за следните 12 месеци да изнесува до 3,9 отсто.

Паднаа и очекувањата поврзани со стапката на инфлација во следните три години, на 2,3 отсто од мајските 2,5 отсто. Потрошувачите, исто како и во мај, очекуваат нивната номинална плата да порасне за 1,2 отсто во следната година, додека очекувањата за раст на потрошувачката во следните 12 месеци паднаа на 3,4 отсто.

Испитаниците очекуваат негативен економски раст од -0,6 отсто и невработеност од 11 отсто во следните 12 месеци.

ЕЦБ спроведува редовно месечно онлајн CES истражување на примерок од 14.000 возрасни потрошувачи од шест земји од еврозоната – Белгија, Германија, Шпанија, Франција, Италија и Холандија.

Главните збирни резултати од CES се објавуваат на веб-страницата на ЕЦБ секој месец.

Треба да знаете
Последни објави