Бразилскиот фудбалски интернационалец Нејмар кој го има рекордниот трансфер од 222 милиони евра со преселбата од шпанската Барселона во ПСЖ се поизвесно е дека ќе замине наскоро од редовите нфранцускиот првак. ПСЖ не го стави во тимот во синоќешниор меч на стартот од новата сезона во Лига 1, во кој „светците“ ремизираа со Лориен (0:0).
Бразилецот посакува да се врати во Барселона, но кааталонскиот клуб нема финансиски средства да го реализира овој трансфер, па се највува преселба во саудискиот Ал Хилал, кој не жали пари да ги собере големите фудбалски имиња во тимот.
За Нејмар понудиле 100 милиони евра по сезона, се пофали неговиот татко кој ги прифатил финансиски услови, па сега се чека само на потписот на неговиот син.
Ал Хилал беше дури и премногу активен во летниот преоден рок, откако на клупата седна Жорж Жесус. За Рубен Невес од Вулверхемптон беа платени 55 милиони евра, а пристигнаа уште и Калид Кулибали од Челзи за 27 милиони и Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио за 40 милиони евра. Го посакуваа(т) и Александар Митровиќ од Фулам, а на Килијан Мбапе му го понудиле најголемиот договор во историјата на спортот, но Французинот ги одби.