Дали намерно пратениците на ДПМНЕ не го известиле Мицкоски за Декларацијата за Илинден !? 

Откако опозициската ВМРО ДПМНЕ обвини јавно дека СДСМ целосно заборави на Декларацијата за Илинденското востание која помпезно ја најавуваше и дека истата веќе 20-тина дена никој ниту ја има видено, прочитано, ниту пак е ставена на некоја седница во Собранието, се огласија од владеачката партија со соопштение.

-Со денови ДПМНЕ пласира едни исти лаги за Декларацијата за Илинден којашто ја поднесе СДСМ.

Што се случува во ДПМНЕ? Дали намерно пратениците на ДПМНЕ не го известиле Мицкоски дека Декларацијата за Илинден е поднесена во Собранието?

Доколку во ДПМНЕ меѓу себе си кријат информации едни од други тоа е едно, но изнесувањето невистини и лаги во јавноста е нешто сосема друго.

Која е целта на пратениците на ДПМНЕ не навлегуваме, тоа го сметаме за внатрешно прашање во опозициската партија, но јавноста ја заслужува вистината. Впрочем сметаме дека и самиот Мицкоски заслужува да ја знае вистината.

Затоа, во прилог на ова соопштение испраќаме и директен линк до собраниската интернет страница каде Мицкоски ќе може да ја прочита и воедно да ги одбегне обидите на неговите пратеници да му кријат јавно достапни информации.

Линк до официјалната страница на македонското Собрание: https://www.sobranie.mk/detali-na-materijal.nspx?param=f95aef9b-e630-43fb-9ff4-d2d86753501c

Треба да знаете
Последни објави