Нуркачките на Тигрите од МВР сѐ уште трагаат по42-годишниот маж од Штип кој денес околу пладне се удави во Дојранското Езеро.
Тој бил на педалинка која се превртела, а се претпоставува дека штипјанецот не знаел да плива.
Од ЦУК за настанот информираа дека местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри, за да се спроведе акцијата за пронаоѓање на телото.
За настанот бил известен јавен обвинител.