Злоупотреба на лекот Оземпик, по која полуде светот, е констатирана и во Србија. Имено, многу луѓе го користеле овој лек за дијабетес за да се ослободат од вишокот килограми, иако консумирањето на овој лек негативно се одразило на нивното здравје.
Додека Европската агенција за лекови (ЕМА) ги истражува можните врски помеѓу употребата на лекови за третман на дебелина и самоубиствени мисли и однесување, вкупно 10 случаи на несакани реакции на лекот „оземпик“ се пријавени до Агенцијата за лекови и Медицинските помагала на Србија до 7 август годинава од луѓе кои истиот го користеле за намалување на дебелина, иако негова првична намена беше лекување на дијабетес тип 2.
Имено, ЕМА во моментов испитува околу 150 пријавени случаи од ЕУ и Соединетите Американски Држави за да види дали самоубиствени мисли се предизвикани од лековите за третман на дебелина „саксенда“ и „вигови“, како и од лекот „оземпик“ “, чиј недостиг беше забележан и кај нас бидејќи луѓето го користеа за слабеење по реклами на социјалните мрежи.
Од Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија велат дека до 7 август годинава биле пријавени вкупно 10 случаи на несакани реакции на лекот „оземпик“.
Случаи пријавиле здравствени работници, пациенти и носителот на лиценца за лекот. Во пријавените случаи имало вкупно 35 несакани реакции. Според класификацијата по органски системи, најголем број на несакани реакции припаѓаат на следните класи: гастроинтестинални нарушувања (10), повреди, труења и процедурални компликации (три), метаболички и нутритивни нарушувања (два), нарушувања на нервниот систем (два) .
„Оземпик“ е инаку меѓу првите на листата на најпребарувани лекови на веб-страниците на аптеките во Србија. Иако е регистриран за третман на дијабетес, на пошироката јавност и стана познат во последните месеци кога беше обелоденета неговата злоупотреба. Многу жени, иако не боледуваат од дијабетес, го злоупотребиле овој лек и го пиеле за да ослабат.
Поради ненадејната големата побарувачка на српскиот пазар, дојде до недостиг на лекот од кој зависи животот на луѓето кои се лекуваат од дијабетес тип 2.