Д-р Јовев добил наредба да ја напушти директорската канцеларија на Кардиохирургија

Наредба за напуштање на директорската канцеларија на Клиниката за кардиологија е испратена до проф. д-р Сашо Јовев, кардихирург кој во јуни годинава бреше разрешен од функцијата од страна на министерот Фатмир Меџити. Кога беше донесена одлуката за разрешување Јовев бил на боледување, па за ваквиот чин изјави дека освен партиски побуди, други причини нема, бидејќи резултатите од работата самите по себе говорат за што е сработено. Јовев го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија.

Наредба да се исели од канцеларијата е испратена на 10 август и истата треба да ја спроведе до понеделник (14 август) или ќе бидат преземени други мерки. Наредбата е потпишана од новиот в.д. медицински директор, Марјан Шокаровски.

Заменик-министерката за здравство д-р Маја Манолева, беше контра министерот Фатмир Меџити за разрешувањето на кардиохирургот Сашко Јовев.

-Не се соогласувам ниту со одлуката за разрешување, ниту пак со начинот на кој беше разрешен, изјави тогаш Манолева.

Треба да знаете
Последни објави