Гори борова шума над месноста Брушани кај Тиквешко Езеро, изјавија од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци.
Оттаму нагласија дека по дојавата за пожар, на терен веднаш заминала една екипа од противпожарно возило со двајца пожарникари, а во моментов тргнува уште едно возило со четворица пожарникари и доколку има потреба, уште возила и пожарникари ќе се упатат на лице место.
Според првичните информации што ги имаат, најверојатно станува збор за човечки фактор.
Од Противпожарната служба уште еднаш апелираа до населението за совесност и внимателност, со цел да не се предизвикуваат пожари.