Тигрите од МВР трагаат по 42-годишниот маж кој се удави во Дојранското Езеро

Нуркачките на Тигрите од МВР сѐ уште трагаат по42-годишниот маж од Штип кој денес околу пладне се удави во Дојранското Езеро.

Тој бил на педалинка која се превртела, а се претпоставува дека штипјанецот не знаел да плива.

Од ЦУК за настанот информираа дека местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри, за да се спроведе акцијата за пронаоѓање на телото. 

За настанот бил известен јавен обвинител.

Треба да знаете
Последни објави