Топлотен бран го зафати градот Дијарбекир во провинцијата Анадолија на југоистокот на Турција, со температура од 47 степени Целзиусови, поради што угостителските објекти во овој град се претежно празни.
Граѓаните избегнуваат да излегуваат преку ден, но навечер животот се враќа на улиците на Дијарбакир, пишува истанбулскиот весник „Хуриет“.
Сопствениците на ресторани потврдија дека високите температури, над сезонскиот просек, се одразиле на нивниот бизнис.
„Термометрите покажаа 47 степени во Дијарбекир. Имаме клима уреди во слаткарницата. Поради високите температури преку ден гостите ги пречекуваме во затворени простории“, вели сопственик на слаткарница.