Кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу денеска ја започна шестдневната посета на Русија и Белорусија, за време на која ќе се обрати на Московската конференција за меѓународна безбедност и ќе се сретне со одбранбените лидери од Русија и други земји, соопшти Министерството за одбрана.
Доаѓањето на Ли Шангфу во Москва ја потврдува желбата на Кина и Русија да ги усогласат своите надворешни политики во обид да го поткопаат либерално-демократскиот светски поредок предводен од Западот.
Министерот Ли ќе ја посети и Белорусија и ќе оствари состаноци и разговори со државните и воените лидери на земјата и ќе ги обиколи воените објекти, соопшти Министерството.
Кина тврди дека е неутрална во војната меѓу Русија и Украина и постојано повторува дека нема да испраќа оружје на ниту една страна во војната, но ги обвини САД и нивните сојузници дека ја провоцираат Русија. Пекинг одржува блиски економски, дипломатски и трговски односи со Москва.