Најтрофејниот клуб со трофеи од елитното европско клупско натпреаврување Лигата на шампионите, шпанскиот Реал Мадрид остана без голманот Тибо Куртоа до крајот на сезоната уште пред стартот на истата. Тренерот на „кралевите“ Карло Анчелоти нагласи дека ќе му верува на „резервистот“ Лунин, но сепак клубот реши да ангажира нов голман.
„Кралевите“ во прв момент го избраа Јасин Боно како прва опција, но високата отштета која ја побара Севилја го премисли Флорентино Перез, кој потоа во краток временски интервал го договори најскапиот голман во историјата на фудбалот.
Кепа Аризабалага во 2018-та година направи трансфер во Челси за 80 милиони евра и до ден денеска се уште го држи рекордот за најскап трансфер на еден голман, но по пет години минати во Лондон, сега повторно се враќа во Шпанија.
Аризабалага доаѓа во Реал Мадрид на едногодишна позајмица за да ја пополни празнината која ја остава повредениот Куртоа, што јасно става до знаење дека ќе биде само привремена опција.
Реал во официјално соопштение за потврдата на ангажманот дополнува дека Кепа утре ќе биде претставен како нов играч на Реал.