Десет лица се повредени, од кои двајца потешко во судир на автобус и трамвај во Белград.
Сообраќајна несреќа се случила околу 05.45 часот а се судриле автобус на градскиот превоз кој сообраќал на линијата 50 и трамвајот број 9.
На местото на несреќата се четири екипи на Брза помош и полиција. Истрагата е во тек, јавува РТС.