Автомобил „фолксваген“ удри во лице кое управуваше електричен тротинет на коловозот кај Бит пазар. Сообраќајна несреќа се случила кога лицето со тротинетот се движело покрај тротоарот, а возилото при обид да се приклучи од споредна на главната улица удрило во него.
Точните причини за несреќата ќе ги утврди полицијата која излезе на терен.