На претседателските избори во Аргентина во октомври ќе се натпреваруваат ултралибералниот економист Хавиер Милеј, поранешната министерка за безбедност Патриша Булрич, претставничка на десницата и актуелниот министер за економија, левоцентристот Серхио Маса, покажуваат прелиминарните резултати од вчера одржаните прелиминарни избори.
Педесет и двегодишниот Хавиер Милеј предизвика сензација со тоа што доби најмногу гласови на национално ниво. Милеј е пред 67-годишната Патриша Булрич (која на десничарските прелиминарни избори имаше предност пред градоначалникот на Буенос Аирес од десниот центар, Хорасио Ларета), како и пред 51-годишниот Серџо Маса, актуелен министер за економија.
Со пребројани околу 90 отсто од гласачките ливчиња, екстремно десничарскиот економист Хавиер Милеј доби 30,5 отсто од гласовите, оставајќи го зад себе главниот конзервативен опозициски блок со 28 отсто и владејачката перонистичка коалиција со 27 отсто.
Резултатот е остар укор за перонистичката коалиција на левиот центар и главниот конзервативен опозициски блок „Заедно за промени“, при инфлација од 116 отсто и трошоци за живот поради кои 40 отсто од населението живее во сиромаштија.