Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски утрово бил вербално нападнат од револтиран граѓанин кој во просториите на општината дивеел, навредувал и директно му се заканувал, дознава 24 Инфо.
Ситуацијата била на раб да прејде и во физичко насилство но присутните успеале да спречат ескалација.
Дека се случил инцидент потврдуваат и од МВР од каде велат дека по пријава припадници на полицијата стигнале во зградата на општината, но во меѓувреме лицето си заминало од просториите на општината.