Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите Нации соопшти дека од почетокот на војната во Украина, речиси десет илјади цивили се убиени.
Новиот извештај потврди дека 9.444 цивили се убиени, а 16.940 се повредени откако Русија ја започна инвазијата на Украина.
Во извештајот се наведува и дека досега се убиени 500 деца, но се додава дека вистинската бројка на загинати е веројатно многу поголема.
ОХЦХР забележа дека бројките не се целосни бидејќи недостасуваат податоци од бројни региони, а тоа особено се однесува на градовите како Маропол, Лисичанск или Северодонецк, кои по долг период на тешки конфликти беа окупирани од руски војници, па затоа е потешко да се добие информации и бројки.
Се стравува дека во Киев се убиени повеќе Украинци отколку што покажуваат официјалните податоци. Извештајот на ОН покажува и дека повеќе цивили биле убиени во првите месеци од војната.