Хрватскиот првак Динамо Загреб имаше предност, но на крајот со пораз од 1:2 го заокружи првиот дуел на „Максимир“ против АЕК Атина, во квалификациите за Лигата на шампионите. Сега на „модрите“ ќе им биде потребно чудо на реваншот во сабота за да се пласираат во плеј-офот од елитното европско клупско натпреварување.
Булат донесе водство за Динамо Загреб во 39.минута, но Ѕубер израмни во 59.минута. Јаланопулос во 90.минута се погрижи за целосен пресврт.
Останатите дуели вечерва добиваат разврска. Галатасарај и вторпат ја победи Олимпија, овојпат со 1:0 во Истанбул и се пласира во следната рунда. Стрелец на победничкиот гол беше Мауро Икарди.
Молде го победи Клаксвик со 2:0 по продолженија и го сопре чудото од Фарски Острови, а ФК Копенхаген на пенали ја елиминира Спарта Прага.
Португалскиот претставник Брага повторно беше убедлив против српскиот вицепрвак ТСЦ и славеше со 1:4 на реваншот во Србија.