ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Ковачевски ретерираа од Илинденската декларација, потпишани само 17 пратеника, под притисок на Бугарија молчат

СДС и Ковачевски ретерираа од Илинденската декларација, потпишани само 17 пратеника, под притисок на Бугарија молчат.

СДС и Ковачевски молчат за криминалот, а молчат и на Бугарите за Илинденската декларација, која испари под притисок на Бугарија.

Од поднесената декларација до Собранието може да се види дека само 17 пратеника од власта се потпишани на неа, од кои 16 од СДС и само еден коалиционен партнер, ги нема останатите коалициони партнери на СДС и ДУИ.

СДС и Ковачевски со денови не ја спомнуваат декларацијата која помпезно ја најавуваа.

Дали власта мора да молчи заради притисокот од Бугарија?

Лицемерието на СДС излезе на површина.

ВМРО-ДПМНЕ јасно кажа СДС да ја пушти декларацијата, а потоа на истата ќе поднесеме суштински амандмани на линија на македонските интереси. Дали СДС воопшто нема да смее да ја стави истата во процедура?

Треба да знаете
Последни објави