Градоначалникот на општина Ѓорче Петров вербално нападнат во својот кабинет

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски утрово бил вербално нападнат од револтиран граѓанин кој во просториите на општината дивеел, навредувал и директно му се заканувал, дознава 24 Инфо.

Ситуацијата била на раб да прејде и во физичко насилство но присутните успеале да спречат ескалација.

Дека се случил инцидент потврдуваат и од МВР од каде велат дека по пријава припадници на полицијата стигнале во зградата на општината, но во меѓувреме лицето си заминало од просториите на општината.

Треба да знаете
Последни објави