Марко Арнаутович се враќа во Интер по 13 години

Марко Арнаутович по 13 години се враќа во Интер. Клубот од „Џузепе Меаца“ ги комплетираше сите детали со Болоња и ќе го доведе Австриецот со српско потекло за 10 милиони евра.

Ова е втор најскап трансфер за играчи со најмалку 34 години, бидејќи повеќе е платен само Кристијано Роналдо кој од Јувентус се пресели во Манчестер Јунајтед за 14 милиони евра.

Арнаутович влезе како алтернатива во ротацијата, откако Симоне Инзаги остана без Ромелу Лукаку и без Един Џеко. Во Интер дојде и Маркус Турам.

Треба да знаете
Последни објави