Најмалку 26 припадници на нигериските безбедносни сили се убиени, а осум се повредени во заседа од вооружени лица во централна Нигерија, изјавија денеска два воени извори, пренесоа француските медиуми.
Во централна Нигерија армијата се бори против криминалните групи.
Нападот се случил завчеравечер, а хеликоптерот за евакуација на ранетите се урнал утринава во областа каде што била поставена заседата, додаде портпаролот на воздухопловните сили во соопштението за печатот.
Тој не прецизираше дали екипажот и патниците го преживеале падот на хеликоптерот.