Нормализирано водоснабдувањето во центарот на Куманово по сериозен дефект на водовона мрежа

 Екипите на јавното претпријатие „Водовод“ Куманово успеаја со изменет режим на водоснабдување, да го нормализираат водоснабдувањето во центарот на Куманово, соопштија денеска надлежните. Дефектот настана во централното градско подрачје пред кружниот тек „Серава“ на улицата „Гоце Делчев“.

– Поради дефект на главна водоводна цевка Ф 300 (пукната цевка) на улица“ Гоце Делчев“ во раните утрински часови, пробиена e цевката на фекалниот колектор кој се протега во непосредна близина на неа, при што целокупната вода е вклучена во фекалниот колектор, не е излеана на улица“ Гоце Делчев“, дежурните екипи од 4:30 часот се на терен за да го лоцираат дефектот. Дефектот е лоциран и екипите на Ј.П. Водовод работат на поправка на пукнатата цевка, објаснуваат стручните.

Поради дефектот, пониските делови од градот извесен период останаа без вода или беа намален притисок.

– Дефектот е лоциран, нормализирано е водоснабдувањето. Првин вработените од фабриката за вода забележале дека нивото на водата во резервоарот е спуштено и екипите веднаш излегле на терен за да се лоцира дефектот кој се наоѓа на тротоар. При дефектот водата се влева во фекалната канализација, но по интервенција на екипите, речиси секаде е нормализирано водоснабдување, изјави директорот на „Водовод“, Оливер Стојмановски.

При откривање на дефектот користени се геофон и геокорелатор опрема за детектирање на дефекти, со која прецизно е лоциран дефектот, за кој никој од граѓаните непријавил, бидејќи не може да се види. Опремата ја набави „Водовод“ за да се лоцираат и намалат загубите на вода.

Треба да знаете
Последни објави