Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ѝ се заблагодари на Македонија за приклучувањето кон Декларацијата на Г7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина.
„Благодарен сум на Македонија што се приклучи кон Декларацијата на Г7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина и стана 15-та земја што го стори тоа. Ги ценам личните напори на премиерот Димитар Ковачевски за зајакнување на партнерството на нашите земји“, објави претседателот Зеленски на твитер.