Граничната служба на Летонија денеска побарала помош од армијата и полицијата за да ја чуваат границата со Белорусија по 96 обиди за илегално преминување во рок од 24 часа, соопшти граничната служба.
На припадниците на Граничната служба им е скратен одморот за да можат да се вратат да патролираат по границата, се додава во соопштението.Летонија има „информации за можно зголемување на хибридните закани“ и дека властите во Белорусија сè повеќе се вклучени во организирањето на протокот на илегални имигранти, додаде гранична служба.