Тестови имаме, има и терапија, тоа е што може една држава за да е подготвена за ваква ендемска болест, порача д-р Александар Петличковски, претседателот на Комисијата за заразни болести на прес конфренцијата по појавата и на трет случај на конгокримска хеморагична треска (КТТ). Според него нема место за паника ниту е потребна оти КТТ не е продуктивна, вирусот кој ја пренесува оваа болест е постојано присутен тука, кај стоката, не е појавен првпат годинава.
Денеска Комисијата имала состанок во проширен состав, присуствувале министерот за здравство, претставници и на АХВ и на Институтите за јавно здравје од Штип и од Велсе од каде што се детектирани заразените пациенти.
Во земјава има три регистрирани случаи на заразени со конго-кримската треска (КТТ), откако на 30 јули почина 27-годишна жена од штипско по убод од заразен крлеж, па од неа се зарази болничарка од Клиниката за инфективни болести, која веќе се опоравува. Последниот заразен е потврден во саботата и се работи за 42-годишен велешанец кој најверојатно бил каснат од крлеж при рибарење во реката Вардар.
– Болничарката е во добра состојба, кризата е помината и се очекува опоравување. Рибарот од Велес, третиот заболен од хеморагицна треска во земјава засега е во добра ссотојба, но има уште неколку дена во кои може да има компликации, се надеваме дека нема да дојдедо тоа. Ако дојде го имаме лекот, се надеваме на добар развој – вели Петличковски за состојбата на двајцата паценти.
Повика да не се создава паника бидејки конго кримста хеморагична треска не е лесно пренослива болест.
– Се пренесува само со каснување од заболен крлеж, периодов има многу крлежи, такви се и временските услови. Но, ова не значи дека луѓето не треба да излегуваат на отворено. Треба да бидат внимателни ловците, риболовците и сточарите. Да се добро заштите кога се на отворено. Втората група се медицнските работници кои се во допир со телесни течности. Затоа треба да бидат заштитени во контакт со сомнителни случаи, вели Петличковски.
Правиме анализи, ќе има информација Владата за акциски план со кој ќе биде направена проценка за присуството и борјноста на крлежите во различни региони, првенствено онаму каде што се поајвија пациенти, во зависност од резултатите од анализите ќе се направи дезинсекција која е клучната превентивна мерка за намалување на ризикот за појава на болест.
Резултати од анализите од заловените крлежи уште нема.
– Од истражувањата на Факултетот за ветерина, откриваме дека стоката, животните во Македонија, се изложени на вирусот постојано. Во тие истражувања над 30 проценти од различните стоки, говеда, овци, кози се со прележан, односно биле во контакт со вирусот. Но немаме информации за хоспитализирани случаи предизвикани од овој вирус. Вирусот е тука, но можно е поблагата варијанта да циркулира низ стоката, така што луѓето не стигнуваат до болница. Една од препораките е да направиме типизирање на варијантите кои циркулираат за да знаеме колку опасна ситуацијата, вели Петличковски.