Полициски службеници од ЕВР Чаир денеска ги лишиле од слобода В.Ј. и малолетник, двајцата од скопското село Љубанци, поради бесправна сеча на дрва.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, денеска околу 13 часот во атарот на викенд населбата Бродец, на местото викано Раеви ливади, тие биле затекнати како со моторна пила неовластено сечат огревни дрва.
-По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.