Европратеничката Виола фон Крамон изјави дека не гледа политичка волја ниту во Србија, ниту во Косово за спроведување на постигнатите договори за нормализирање на односите меѓу двете земји.
„Не гледам политичка волја во ниту една од земјите за спроведување на договорите. Добро е Косово повеќе да се фокусира на себе и да ги исполни своите обврски. Ако сака да стане важен играч во меѓународната заедница, прво мора докаже дека е играч на кој може да му се верува, но тоа не го покажува“, рече таа.
Во Охрид во март, Косово и Србија постигнаа вербален договор за спроведување на планот поддржан од ЕУ за нормализирање на односите, но несогласувањата и недостигот на јасност околу формата на некои одредби остануваат. Планот од 11 точки вели дека Србија и Косово мора да развијат нормални, добрососедски односи и да ја почитуваат својата независност и територијален интегритет.