Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез одмараат во нашето соседство, ја закотвија јахтата Кора вредна 500 милиони долари во близина на Дубровник, пишува Klix.ba.
Страниците кои го следат движењето на луксузните јахти забележаа дека Кора моментално се наоѓа во близина на Елафитските острови.
Тие претходно биле во Грција, а со нив била видена и Деми Мур, а се уште не се знае дали и таа со нив пристигнала во Хрватска. Порталот 24часа објави ексклузивно видео од јахтата. Еден читател накратко пријавил дека видел некого на џет ски.
Џеф наводно ја запросил својата избраничка, а прстенот чинел 2,5 милиони долари. Тие двајца почнаа да се забавуваат пред пет години. Тој ја запросил откако присуствувале на филмскиот фестивал во Кан.
„Секој ден ме инспирира и ме прави подобра личност. Тој е најубавиот човек што го познавам“, изјави Лорен за Џеф во интервју за магазинот WSJ.