Австријка почина на пливачкиот маратон во Цриквеница, одбивала да излезе од морето

Во вторникот се одржа традиционалниот и најстар пливачки маратон на хрватскиот дел на Јадранот, Шило-Цриквеница, кој се плива веќе 113 години по повод празникот Богородица и Денот на градот Цриквеница, а победата ја извојува 24-годишниот Словенец, Ник Петерлин.

Маратонот за прв пат се одржа во 1910 година, а овој пат беа пријавени дури 370 натпреварувачи од дваесет земји и не само од Европа.

Сепак, натпреварот остана во сенка на трагедија: постара натпреварувачка од Австрија почина недалеку од целта. Реанимацијата траеше повеќе од еден час, но за жал беше неуспешна. Натпреварувачката, гостинка од Австрија, одби да излезе од разбрануваното море недалеку од целта.

Треба да знаете
Последни објави