Фудбалерите на македонскиот шампион Струга Трим Лум од синоќа се во Луксембург каде утре ќе го одигра реваншот против Есперанж во третото квалификациско коло од Конференциската лига.
Првиот натпревар одигран минатиот четврток во Скопје заврши со победа на Струга Трим Лум со 3:1.
Стружани ќе бидат хендикепирани против Есперанж, бидејќи Нигериецот Хоган Укпа остана во Македонија. Укпа не добил виза за влез во Луксембург.
Од клубот информираат дека постојат само минимални шанси тој дополнително да им се приклучи на соиграчите.