Тренчевска во посета на Центарот за дневен престој на стари лица во Чаир

Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска ќе го посети Центарот за дневен престој на стари лица во општината Чаир и ќе се сретне со пензионерите што ја користат оваа услуга.

Центарот за дневен престој на стари лица во моментов обезбедува поддршка за активно стареење на 30 возрасни лица од територијата на општината. Од октомври 2022 година услугата ја изведува Црвен крст на Град Скопје, како лиценциран давател на оваа социјална услуга во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ).

Развојот на оваа социјална услуга, како дел од спроведувањето на сеопфатната социјална реформа во земјава, е финансиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка, соопшти МТСП.

Треба да знаете
Последни објави