Голем пожар во Тенерифе, локалното население евакуирано

Шумски пожар беснее во североисточниот дел на канарскиот остров Тенерифе, чие гаснење го отежнува силниот ветер.

Жителите на околните градови се евакуирани како мерка на претпазливост, а прекинат е и пристапот до шумата околу вулканот Теиде, пренесува Ројтерс.

„Пожарот е силен и во комплицирана област“, ​​рече регионалниот лидер на Канарските Острови Фернандо Клавио на прес-конференција.

Надлежните органи го подигнаа нивото на опасност и побараа средства од централната власт, пренесува „Ел Паис“.

Пожарот избувнал во вторникот вечерта, а во неговото гаснење учествувале 11 хеликоптери и 150 пожарникари, а мобилизирана е и единицата за итни случаи.

Според првите проценки, од пожарот е зафатена површина од 150 хектари.

Треба да знаете
Последни објави