За брзо возење казнети 247 возачи на територија на цела држава

 Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се казнети 247 возачи. 

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од вкупниот број на изречени санкции, 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 78 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 169 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Треба да знаете
Последни објави