Шафик Кагиму, играч од средниот ред и репрезентативец на Уганда е нов фудбалер на македонскиот прволигаш Работнички. За репрезентацијата на Уганда има одиграно 18 натпревари.
Кагиму во таборот на „романтичарите“ пристигна од тимот на Гор Махиа од Кенија, а настапувал и во УРА во Уганда.
Се очекува новиот играч на Работнмички да дебитира на натпреварот против Македонија ЃП кој се игра на 20. август на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.