Повик до жителите на главниот град на Нигер доброволно да се пријават во армијата

Неформална група жители на Ниамеј, главниот град на Нигер, ги повика сограѓаните доброволни да се пријават да служат воена рок за да помогнат во случај на напад од Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) која претходно соопшти дека ќе употреби воена сила против Нигер, каде воената хунта го собори демократски избраниот претседател Мохамед Базум.

Основачите на иницијативата, која ги повикува сограѓаните доброволно да се пријават во армијата, велат дека дополнителен медицински персонал, техничари и инженери би биле голема помош за хунтата доколку се остварат заканите на ЕКОВАС.

„Тоа (воената интервенција на ЕКОВАС) е можно да се случи. Мораме да бидеме подготвени кога и да се случи“, рече еден од основачите на групата граѓани, Амсару Бако.

Акцијата за регрутирање ќе започне во сабота во Нијамеј, како и во градовите кои ЕКОВАС би можел да ги нападне, бидејќи се наоѓаат во близина на границите со Нигерија и Бенин, две земји кои најавија дека ќе учествуваат во интервенцијата.

Може да се пријават сите доброволци кои се постари од 18 години, а групата ќе ја достави листата до хунтата, која ќе избере кои луѓе да ги покани.

Амсару Бако рече дека хунтата не е вклучена во спроведувањето на оваа иницијатива, но ја одобрува.

Треба да знаете
Последни објави