По само неколку месеци од смртта на кралот на ромската музика, Ферус Мустафов, соноќа почина и неговиот син, Илми Мустафов.
Познатиот саксафонист и кларинетист Илми Мустафов беше и член на групата „Огнени Момчиња“. Во неговата скоро три децениска кариера, има снимено многу ора и чочеци, дел со својата група, а дел со неговиот познат татко Ферус Мустафов.
Според последните информации погребот ќе биде утре, најверојатно на Камник.