Технолошки камп за справување со дезинформации преку образованието

Во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид од денеска до 19 август во ќе се одржи Технолошки камп (TechCamp) за справување со дезинформации преку образованието наменет за наставници од сите предметни области во основното образование заинтересирани за инкорпорирање на технологијата и вештините за медиумска писменост во нивната наставна практика. 

На технолошкиот камп ќе учествуваат 40 наставници и осум ментори од САД, Обединетото Кралство, Грузија и Северна Македонија. Кампот се состои од седум практични работилници, со кои се поврзуваат ментори од приватниот сектор, академијата и невладини организации со македонските едукатори. Покрај учество на работилниците, учесниците на кампот ќе работат во мали групи за да развијат практични иновативни решенија поврзани со најновите трендови и најдобри практики во образованието за медиумска писменост, борба со дезинформациите и лажните вести, како и основите на сајбер безбедноста.

Камп е организиран од Центарот за иновации и дигитална едукација ДИГ-ЕД од Скопје, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје и тимот на TechCamp на Стејт департментот на САД.

Технолошки кампови е програма за јавна дипломатија на Бирото за образовни и културни прашања (ЕЦА) во Стејт департментот на САД.

Треба да знаете
Последни објави