Екипата на Алкалоид со победа над Динамо Панчево го почна настапот на 51. издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга.
Ракометарите на Кире Лазаров вечерва во дуелот со српскиот претставник го добија мечот со 27:23 (12:9).
По неизвесно прво полувреме и игра гол за гол, вицешампионот на Македонија, одигра одлично во финишот од првиот дел и со предност од три гола отиде на пауза.
Во вториот дел од натпреварот Алкалоид ја одржуваше предноста, користејќи ги грешките на противникот и ја зголемуваше предноста до плус пет. Динамо Панчево во еден момент успеа да ја намали разликата, но не и да ја загрози сериозната предност на противникот. Србите се враќаа два пати на минус два, но не успеаа до крај затоа што Алкалоид имаше цврстина во одбраната и преку контри ја зацврсти предноста
Најефикасен во таборот на Алкалоид беше Кристијан Симоновски со седум гола, кај гостите одличен беше горманот Чировиќ со 12 интервенции.
На отварањето на Струшкиот ракометен турнир, Вардар убедливо го совлада домаќинот Струга со 29:17.