Американскиот апелационен суд денеска донесе одлука да го ограничи пристапот до таблетата за абортус мифепристон, со што ја поништи пресудата на понискиот суд со која беше суспендирано одобрувањето на лекот во 2000 година.
Одлуката дојде по заедничката тужба на четири групи против абортусот, предводени од неодамна формираната Алијанса за Хипократова медицина, пренесува „Ројтерс“.
Тие тврдеа дека американската Администрација за храна и лекови не ја разгледала соодветно безбедноста на лекот во случај кога го користат малолетници.