Мексиканската морнарица запленила отворен чамец со речиси три тони кокаин, на околу 360 километри од брегот на Пацификот, во близина на одморалиштето Акапулко.
Морнарицата соопшти дека се приведени три лица кои биле во пловилото. Во чамецот биле пронајдени 80 вреќи во кои имало 2.800 килограми кокаин.