Мадона најави нови датуми за турнејата

Мадона ги објави датумите на концертите од презакажаната светска турнеја, додека закрепнува од бактериска инфекција поради која заврши во болница на интензивна нега.

Турнејата „Селебрејшн“ ќе започне во Лондон на 14 октомври, три месеци откако првично требаше да започне во Ванкувер, Канада.

Повеќето концерти во САД се одложени до 2024 година, со некои откажувања.

Кралицата на поп-музиката планираше да го прослави јубилејот 40 години на сцената, поточно, 40-годишнина од својот пробивен сингл, Holiday.

Наречена Celebration Tour, претстојната турнеја го означува нејзиното враќање на арените и стадионите по експерименталните, театарски настапи во рамки на турнејата „Мадам Икс“ во 2019 и 2020 година.

Некои од тие настапи беа исто така одложени или откажани поради повредите на коленото и колкот на ѕвездата, како и поради пандемијата.

Треба да знаете
Последни објави