Манчестер јунајтед демантираа дека го вратиле Мејсон Гринвуд во тимот

Манчестер јунајтед ги демантираа шпекулациите во британските медиуми дека била донесена одлука за враќање на Мејсон Гринвуд во првиот тим, објаснувајќи дека уште се размислува за тоа како ќе се продолжи со младиот напаѓач.

Гринвуд беше уапсен во јануари 2022 година за насилничко однесување и обид за силување на сопствената девојка, но во февруари оваа година тој беше ослободен од обвиненијата, а подоцна доби и дете со својата девојка. Шпекулациите велеа дека тој ќе биде вратен во првиот тим, но откако дел од навивачите протестираа против неговото враќање, од клубот се јавија со официјално соопштение.

„По отфрлањето на обвинувањата кон Мејсон Гринвуд во февруари 2023, Манчестер јунајтед спроведе детална истрага во која се зедоа во предвид и докази кои не се достапни за јавноста и луѓе кои се вклучени во случајот. Ние имаме обврска кон Мејсон како вработен во клубот и млада личност која е со клубот од неговата седма година. Истрагата е завршена и сега сме пред одлука за неговата иднина. Но, спротивно на сите медиумски шпекулации, уште не е донесена одлука. Одговорноста е кај извршниот директор на клубот и кога ќе биде донесена ќе биде достапна за јавноста“, велат од Манчестер јунајтед.

Треба да знаете
Последни објави