Петровска: Очекувам одговори на иницијативите за споменици и знам која ќе биде следната фаза за реализација на оваа идеја

Во однос на иницијативите за поставување на споменици за загинатите бранители кај Вејце, Карпалак и Љуботенски бачила, во изјава за Канал 5 телевизија, министерката за одбрана Славјанка Петровска порача дека од овој настан не сака да прави медиумска атракција ниту да го користи за популистички цели.

“Ако било кој од градоначалниците сметаат дека иницијативата е неправилно поднесена, се разбира може во писмена форма да одговорат, а јас како министерка добро знам која ќе биде следната фаза за реализацијата на оваа идеја“ истакна министерката.

Петровска дополни дека ги чека одговорите од надлежните општини, согласно Законот за меморијалните споменици и спомен обележја.

“Не е идејата ниту да се надмудруваме, ниту да создаваме дополнителни конфликти, затоа што знаете како, во државата и на централно и на локално ниво граѓаните очекуваат од нас да ги решаваме проблемите за кои сме поставени, а не да креираме нови проблеми“, рече Петровска.

Треба да знаете
Последни објави