Италија се бори со напливот на туристи: Забрани за фотографирање, доаѓање со возила,воведени резервации…

Кој можеше да претпостави дека Италија, која беше целосно затворена за туризам во времето на короната, ќе воведе мерки за да ги спречи туристите да ја посетат само неколку години подоцна. Оваа година оваа земја веќе го сруши рекордот по посетеност, а до крајот на 2023 година сигурно ќе биде со неочекуван број на туристи од целиот свет.

Сепак, локалните власти одлучија да воведат мерки во најпосетуваните места за да се обезбеди мир на локалното население и да се спречи масовниот и прекумерен туризам. Оние кои нема да ги почитуваат овие мерки можат да сметаат на плаќање казни, пишуваат италијанските медиуми кои деновиве известуваат за рестриктивните правила воведени против туристите.

Според порталот „Шенген виза инфо“, одредени плажи на Сардинија воведоа и мерки против прекумерниот туризам, ограничувајќи го бројот на гости и воведоа резервации за да се избегне пренатрупаност. Следната мерка, која веќе ги покажа првите резултати, е забраната за пристигнување на сопствени автомобили на одредени места како што се островите Линоса и Лампедуза, како и во Неаполскиот залив.

– Ова е единствената мерка што функционира. Ние сме најгусто населен остров во Европа и проблем ни е мобилноста – изјавил градоначалникот на Процида, Раимондо Амброзино за весникот „Ил Месаџеро“, а пренесува порталот „Шенген виза инфо“.

Кога станува збор за други популарни места во Италија, се воведуваат различни мерки, а најчесто тоа се одлуки за задолжителни резервации однапред за да можат надлежните да го контролираат бројот на гости.

Интересно е што Портофино, едно од најпосетуваните места во Италија, е под мерки за забрана за фотографирање, освен од одредени места, а на оние кои нема да ги почитуваат правилата им се заканува казна од 275 евра. Инаку, на туристите масовно им е забрането да се шетаат без облека, во бикини или без чевли. Градоначалникот на Портофино им порача на туристите дека никој не сака да ги избрка, туку дека мора да се почитуваат правилата за да се задржи убавината на местото.

Што се однесува до Венеција, тука работите излегоа малку од контрола, пред се затоа што овој град речиси е ставен на листата на УНЕСКО на места од посебно значење кои се загрозени и веќе се шпекулира дека одењето во Венеција во иднина ќе биде привилегија. на мал број туристи.

Треба да знаете
Последни објави