Германската влада го започна најавеното намалување на родителскиот додаток – Елтернгелд за лицата со повисоки примања. Владата го усвои Законот за финансирање на буџетот на министерот за финансии Кристијан Линднер, кој побара заштеди од сите министерства, вклучително и од Министерството за семејство кое е задолжено за овој надоместок. Според тоа, границата на приходите за остварување право на родителски додаток се намалува на 150.000 евра годишно, наместо досегашните 300.000 евра.
Како што пишуваат германските медиуми, новата граница се однесува на лицата кои заеднички го остваруваат правото на родителски додаток, како и на самохраните родители. На одлуката и претходеше контроверзна дискусија. Линднер побара од министерката за семејни прашања, Лиза Паус, да заштеди на родителскиот додаток, пренесува магазинот Феникс.
Паус одлучи да го ограничи дозволениот лимит на приход, за да избегне намалување на родителскиот додаток за домаќинствата со помали примања. Родителска помош е наменет како паричен надоместок на кој родителите во Германија имаат право доколку не одат на работа по раѓањето на детето, туку остануваат дома за да се грижат за детето. Досега оваа поволност беше достапна за прилично голем број луѓе, но поради новите мерки тоа наскоро може да се промени.