Голем дел од Германија во текот на ноќта беше погоден од силно невреме, а силниот дожд предизвика поплави и откажани се десетици летови од аеродромот во Франкфурт, соопштија денеска властите.
Од аеродромот соопштија дека на пистата се насобрале големи количини вода и дека услугите на аеродромот не работат повеќе од два часа.
На веб-страницата на аеродромот беше објавено дека до 23 часот се откажани околу 70 летови, додека 23 летови се пренасочени кон други аеродроми.
Поради обилните врнежи во делови на југозападна и централна Германија поплавени се подрумите, улиците и станици на метра.
Противпожарната служба соопшти дека луѓето се спасени од автомобили, бидејќи подвозниците биле под вода. Во Ерфурт поради силниот ветер се превртеле два камиона, а возачите се полесно повредени, соопшти полицијата.